Милан и Херта попладнево го потврдија трансферот на полскиот голгетер, Криштоф Пјонтек.
Пјонтек после само една година го напушта Милан и се сели во Бундеслигата во редовите на Херта Берлин.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Германскиот клуб за потписот на Полјакот плати 27 милиони евра плус бонуди, а Пјонтек денес стави потпис на 4-годишен договор според кој ќе заработува 4 милиони евра по сезона.
Пјонтек минатиот јануари пристигна на „Сан Сиро“ како големо засилување за 35 милиони евра, но оваа сезона постигна само 4 гола на 18 меча.