Дома Трансфер зона Официјално: ПСЖ го претстави засилувањето од Баерн Минхен

Официјално: ПСЖ го претстави засилувањето од Баерн Минхен

Тимот на Пари Сен Жермен го претстави засилувањето од Баерн Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ ова лето ги ангажираше Тил Керар (Шалке, 37 милиони евра) и Џанлуиџи Буфон (Јувентус, слободен играч), а сега во Париз пристигнува засилување од „Алијанц Арената“.

Во прашање е левиот бек Хуан Бернат кој доаѓа како замена за сонародникот Јури Берчиче кој се пресели во Атлетик Билбао.

Бернат за место покрај аут линијата ќе се бори со Лајвин Курзава.

Иако се уште нема официјални информација, медиумите пренесуваат дека Шпанецот е платен околу 15 милиони евра.

Тухел сакаше да го ангажира Жером Боатенг, но германскиот клуб бараше 50 милиони евра, сума која ПСЖ не сакаше да ја плати.

До завршувањето на преодниот рок (вечерва 00:00), се очекува во Париз да биде претставен и Чупо Мотинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…