Францускиот напаѓач Антони Марсијал (28) ќе го напушти Манчестер Јунајтед по истекот на неговиот договор во јуни.
. „Со големи емоции денеска ви пишувам за моето збогување. По девет неверојатни години во клубот, време е да свртам нова страница во мојата кариера“, објави Марсијал на Инстаграм.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во продолжение тој им се обрати и навивачите.
„Бевте моја голема поддршка и во добри и во тешки времиња. Вашата страст и лојалност беа постојан извор на мотивација за мене“, додаде францускиот фудбалер кој пристигна на „Олд Трафорд“ во 2015 година од Монако за 60 милиони евра.
Во 317 настапи во дресот на клубот од Манчестер постигна 90 гола и со него освои пет трофеи. Сега ќе си замине бесплатно, но се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата. „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на десет милиони евра.
Од јануари до јуни 2022 година, Марсијал беше испратена на позајмица во Севиља, каде што не се прослави премногу.
Неговото заминување од клубот беше и очекувано бидејќи во изминатите сезони често имаше проблеми со повреди.