Дома Фудбал Репрезентации Официјално: Погба го пропушта Светското првенство

Официјално: Погба го пропушта Светското првенство

Пол Погба со сигурност ќе го пропушти Светското првенство кое се игра во Катар следниот месец, потврди неговиот агент Рафаела Пимента.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Погба уште за време на летните подготовки го повреди коленото, па мораше да оди на операција. Во последните недели се врати во тренажен процес и се очекуваше наскоро да се врати на терените.

Меѓутоа, Французинот денес заработи нова повреда, па неговиот менаџер со официјално соопштение потврди дека Погба го пропушта Мундијалот.

„После медицинските прегледи денес тешко ми е да потврдам дека Пол Погба треба да ја продолжи рехабилитацијата после операцијата и нема да може да игра на Светското првенство“, се вели во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Репрезентативец на Холандија среде Мундијалот доби ужасни вести!

Времето во таборот на холандската репрезентација се замрзна поради вестите што стигнаа. Ка…