Дома Фудбал Официјално: На Денот на вљубените, Симеоне ја потврди љубовта кон Атлетико!

Официјално: На Денот на вљубените, Симеоне ја потврди љубовта кон Атлетико!

Аргентинскиот стратег Диего Симеоне денес и официјално стави потпис на нов договор и се обврза на верност кој Атлетико Мадрид до 2022 година.

Со овој потег Симеоне стави крај на сите шпекуалции дека ќе се раздели со „јорганџиите“ на крајот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чоло е на кормилото на Атлетико Мадрид од 2011 година и под негово раководство тимот до сега одиграл 412 меча, од кои победил на 252. Импресивно делува фактот дека на цели 216 меча по негово водство „јорганџиите“ не примнаа гол.

Симеоне до сега освои седум трофеи со Атлетико – титула во Примера, Купот на Шпанија, Суперкупот на Шпанија, две титули во Лига Европа и две титули во Суперкупот на Европа. Притоа, тимот играше два пати во финалето од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…