Дома Трансфер зона Официјално: Мартин Одегард испратен на нова позајмица

Официјално: Мартин Одегард испратен на нова позајмица

Норвешкиот репрезентативец Мартин Одегард во наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Сосиедад.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одегард се враќа од позајмица од Витесе, а Реал денес официјално потврди дека овој талентиран Норвежанец во 2020 година ќе биде позајмен на Сосиедад.

Иако се споменуваше позајмица во Леверкузен сепак тој се одлучи за враќање во Шпанија бидејќи тоа му беше голема желба.

Минатата сезона тој одигра одлична сезона во Витесе и на 39 натпревари постигна 11 голови и забележа 12 асистенции.

Реал не сака да се откаже од него во целост и го испраќа на позајмици. Во Мадрид веруваат дека се уште младиот крилен фудбалер може да успее на „Бернабеу“.

Кога Реал го доведе од Норвешка, Одегард беше една од најголемите млади ѕвезди и му се предвидуваше голема кариера, но засега уште не успева да се наметне во тимот на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…