Само ден пред почетокот на Светското првенсвто во Русија, репрезентацијата на Шпанија остана без селекторот, бидејќи Јулијан Лопатеги доби отказ.
Фудбалскиот сојуз на Шпанија одлучи да му врачи отказ на Лопатеги само ден пред почетокот на Мундијалот во Русија што ја шокираше фудбалската јавност. Оваа одлука ја донесоjа откако што Лопатеги вчера официјално потврди дека од следната сезона ќе го предводи Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа во сојузот го сфатија како големо предавство на стратегот кој пред само 20 дена го продолжи договорот со репрезентацијата на Шпанија на уште две години. Сепак, по тоа стигна повикот од Реал кој очигледно тренерот не можел да го одбие.
Иако се очекуваше Лопатеги да остане на клупата на Шпанија до крајот на Светското првенство, на крајот тоа не се случи, бидејќи во сојузот на оваа земја сите се шокирани од денешната објава дека Лопатеги доби отказ.
BREAKING: Spain manager Julen Lopetegui has been sacked just two days before their first World Cup game pic.twitter.com/bLXHKohSWj
— B/R Football (@brfootball) June 13, 2018