Дома Трансфер зона Официјално: Кепа сезонава ќе брани во Премиер лигата

Официјално: Кепа сезонава ќе брани во Премиер лигата

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага од денеска и официјално е нов член на Борнмоут каде што ќе настапува на позајмица.

Минатата сезона Кепа ја мина на позајмица во Реал Мадрид, но во Мадрид не го откупија неговиот договор. Ниту Челзи не сметаше на неговите услуги, па така требаше да побара нов клуб.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


На крајот се пресели на „Вајталити“ стадионот. Се обидуваше Борнмут прво да го доведе Мамардашвили на позајмица, а откако таа опција пропадна се насочија кон Кепа.

„Среќни сме што доведовме голман како Кепа во нашиот тим. Свесни бевме дека е достапен на пазарот и затоа направивме се што можеме за да го доведеме. Презадоволни сме што успеавме“; изјави директорот на Бормут, Нил Блејк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …