Дома Трансфер зона Официјално: Интер го позајми најголемиот трагичар од минатата сезона

Официјално: Интер го позајми најголемиот трагичар од минатата сезона

Интер минатата сезона не успеа да ја одбрани титулата шампион на Италија, а за најголем трагичар беше прогласен романскиот голман Раду.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раду во финишот од сезоната бранеше на мечот помеѓу Болоња и Интер и во финишот од натпреварот при резултат 1:1 направо неверојатна грешка и прими гол кој на Болоња и донесе победа.

Интер во тој натпревар остана без клучни бодови во борбата затитулата и до крајот на сезоната не успеа да ги надполни. Така Скудетото на крајот заврши кај градскиот ривал Милан. Сега Раду и официјално е испратен на позајмица.

Овој 25-годишен голман наредната сезона ќе брани во Кремонесе кој неодамна успеа да се избори за пласман во Серија А и Раду се очекува да им биде прв голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…