Дома Трансфер зона Официјално: Интер го доведе и петтото засилување ова лето

Официјално: Интер го доведе и петтото засилување ова лето

„Нероаѕурите“ потпишаа договор со францускиот играч за врска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер е исклучително активен ова лето на трансфер пазарот. Нов член на клубот од Милано е 17 годишниот Лусијан Агума.

Младиот играч за врска доаѓа од француски Сошо, а Интер за него како оштета плати 4.5 милиони евра можност да доплати два милиони евра со одредени бонуси. Агума потпиша договор на три години, а се уште не е јасно дали ќе конкурира за првиот тим или ќе биде испратен некаде на позјмица.

Агума на 16 години дебитираше во тимот на Сошо во Лига 2 и го привлече вниманието на повеќе клубови.

Интер пред Агума ги доведе: Валентино Лазаро, Диего Годин, Стефано Снеси и бразилскиот голман Бразао кој го обезбеди уште во јануарскиот предоен рок, но поради бројот на странци мораше да го пушти во Парма на шест месеци.

https://www.youtube.com/watch?v=VteOwvg3gL4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…