Дома Македонски спорт Мак баскет Официјално: Една од нашите најдобри кошаркарки продолжува во Израел!

Официјално: Една од нашите најдобри кошаркарки продолжува во Израел!

Една од нашите најдобри кошаркарки, Јелена Антиќ, вториот дел од оваа натпреварувачка сезона ќе го мине во Израел.

И тоа како дел од екипата на Макаби Ашдод, со која постигна договор кој е со важност до крајот на оваа сезона.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Ова ќе биде враќање на искусното репрезентативно крило во Европа, со оглед на тоа дека нејзиниот нов клуб игра во плеј-офот од ФИБА Еврокупот.

Согласно со тоа и првите работни обврски ќе ги има веднаш по новогодишните празници, односно на 5. јануари за кога е закажан првиот од двата натпревари во рамките на елиминациите во ФИБА Еврокупот.

Во изминатиот период од оваа сезона, Јелена Антиќ беше најдобриот играч на скопски Вардар, а во претходната беше дел од екипата на Баскет Кам 2011 со која стигна до пехарот во националниот Куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…