Дома Фудбал Официјално: Гвардиола во Сити до 2023 година

Официјално: Гвардиола во Сити до 2023 година

Сагата околу иднината на Пеп Гвардиола заврши, откако денес каталонскиот стратег стави потпис на нов договор со Манчестер Сити до 2023 година.

По завршниот турнир во Лигата на шампионите и неуспехот на „граѓаните“, се шпекулираше дека Гвардиола уште оваа сезона ќе го предводи клубот.

Преговорите се оддолжија, но двете страни конечно најдоа заеднички јазик и денес стигна и потписот на Гвардиола.

Гвардиола со новиот договор ќе остане верен на „граѓаните“ до 2023 година. Тој и до сега беше најплатен тренер во светот со плата од 22 милиони евра по сезона, а финансиски детали од новиот договор не се откриени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го следи со месеци, Флик го сака во Барса: Штутгарт бара 40 милиони за Јелч

Фин Јелч е на радарот на Интер и Барселона, но Штутгарт поставува висока цена. Миланскиот …