Како и што беше најавено утрово кога Вејн Руни „летна“ за Америка, англискиот голгетер потпиша договор со тимот на ДЦ Јунајтед.
Клубот од САД попладнево и официјално го претстави новото засилување со видео на социјалните мрежи, во меѓувреме и неговиот клуб Евертон потврди дека договорот е постигнат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Руни по враќањето во Евертон од Манчестер Јунајтед минатото лето постигна 11 погодоци на 40 настапи.
Англискиот ветеран во својот прв „мандат“ за Евертон дебитираше во сезоната 2002/2003 година во натпреварот против Тотенхем, откако ја помина академијата на клубот.
За селекцијата на Англија од која се повлече во 2017 година настапи на 119 настапи и постигна 53 погодоци со што стана најдобар репрезентативен стрелец на сите времиња.
#NoWayneNoGain pic.twitter.com/HfbLmCsBOq
— D.C. United (@dcunited) June 28, 2018