После 14 години интернационална кариера, Робин ван Перси повторно се врати во својот матичен клуб, Феенорд.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ван Перси помина три сезони во Феенорд, вкупно одигра 78 натпревари на кои постигна 22 гола, а потоа се пресели во Арсенал.
Меѓу „топџиите“ се етаблираше како еден од најдобрите напаѓачи во Европа, а потоа направи трансфер во Манчестер Јунајтед каде ја освои Премиер лигата.
Последно играше за Фенербахче, но неодамна го раскина договорот со турскиот клуб и како слободен играч се врати во Феенорд да ја заврши кариерата.
Ван Перси е најдобар стрелец во историјата на холандската репрезентација со постигнати 50 гола!
Welcome home, Robin! ?
✨ @Persie_Official ✨#RVPISBACK #Feyenoord pic.twitter.com/jCxpz2ICFU
— Feyenoord Rotterdam (@Feyenoord) January 19, 2018