Барселона потврди дека постигнала договор со бразилски Палмеирас за трансфер на младиот играч за врска, Матеус Фернандеш.
Барселона на Палмеирас за 21-годишниот играч за врска ќе му плати 10 милиони евра, а Фернандеш ќе остане на позајмица во бразилскиот клуб до 1-ви јули.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Фернандеш потпиша 5-годишен договор со каталонскиот клуб, а во договорот ќе има откупна клаузула од 300 милиони евра.
Станува збор за играч за врска со дефанзивни карактеристики и еден од најдобрите во бразилскиот шампионат.
Важи за голем талент во Бразил, каде веќе ги доби епитетот „новиот Казимиро“, што одлично говори за неговите квалитети.
? DEAL DONE: Barcelona have signed 21-year-old Brazilian midfielder Matheus Fernandes from Palmeiras for €10m. He'll join the club in the summer. (Source: @FCBarcelona) pic.twitter.com/Y1wffxH57q
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 31, 2020