Дома Фудбал Италија Откритието на сезоната во Серија А одби да соработува со Мино Раиола

Откритието на сезоната во Серија А одби да соработува со Мино Раиола

Мино Раиола секако важи за еден од најдобрите и најпознатите фудбалски менаџери во светот, иако го следат многу контроверзи во неговата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раиола застапува голем број на светски познати фудбалери, преку кои со години наназад си обезбедува за себе феноменална провизија при нивните трансфери.

Поради тоа многу млади фудбалери во Европа сакаат да соработуваат токму со Раиола, кој може да му обезбеди добар трансфер и одлична плата. Сепак, постојат и такви кои одбиваат да работат со овој познат менаџер.

Имено, новата ѕвезда на Рома и италијанскиот фудбал, Николо Заниоло ја отфрлил можноста да го застапува Мино Раиола, пренесува „Газета дело Спорт“.

Весникот открива дека менаџерската агенција на Раиола стапила во контакт со 19-годишниот фудбалер, кој оваа сезона буквално „експлодира“ во дресот на Рома.

Тинејџерот ова лето се пресели во Рома како дел од трансферот на Раџа Наинголан во Интер и уште во првата сезона на „Олимпико“ покажа дека се работи за еден од најголемите таленти во Европа.

„Вистина е дека не контактираше Раиола, но ќе продолжиме да работиме со Клаудио Вигорели“, изјави таткото на Заниоло, Игор инаку поранешен фудбалер.

Јувентус сака да го „украде“ овој „бисер“ од Рома и сигурно дека полесно ќе дојде до трансфер доколку негов менаџер е Мино Раиола, но младиот фудбалер сака да остане на „Олимпико“ и е задоволен од работата на својот менаџер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Златан ја „погреба“ ФИФА пред целиот свет: После ова нема што да зборуваме

Златан Ибрахимовиќ жестоко ја критикуваше ФИФА по детал од натпреварот Англија – Нор…