Дома Топ вести Откриено името на клубот кој испратил понуда за Усаин Болт

Откриено името на клубот кој испратил понуда за Усаин Болт

bolt

Усаин Болт неодамна ги постигна првите погодоци за австралискиот тим Централ Кост Маринерс.

Набрзо потоа неговиот агент потврди дека легендарниот спринтер има понуда од некој европски клуб кој сака да игра во Лигата на шампионите, кој има нови сопственици и кој игра финале за краток период.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ваквиот опис на клубот веднаш светските медиуми го поврзаа со трансфер во Милан (Милан го игра Суперкупот со Јувентус) , но сепак сега е откриено дека се работи за далеку помал европски клуб – Валета од Малта.

По објавувањето на оваа вест во медиумите се огласи и извршниот директор на клубот кој ја потврди информацијата.

„Да испративме официјална понуда до Усаин Болт. Сакаме тој да настапи во финалето на купот. Со ваквиот трансфер би испишале историја и би покажале дека сме сериозен клуб“, гласеше изјавата на Гастон Слимен, извршен директор на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…