Дома Фудбал Англија Откриено! – Еве зошто Мурињо го повикал Златан да влезе во игра против Вотфорд!

Откриено! – Еве зошто Мурињо го повикал Златан да влезе во игра против Вотфорд!

Манчестер Јунајтед во 14 коло од Премиер лигата потешко од очекуваното славеше над Вотфорд со резултат 2:4.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јунајтед после првото полувреме обезбеди предност од 3:0 благодарение на головите на Јанг и Марсијал, никој во тие моменти не очекуваше дека Вотофорд може да се врати во игра.

Но, во вториот дел, Рохо го срушу Переира во казнетиот простор, Динеј од пенал го постигна првиот гол за Вотфорд. На пет минути пред крајот Докур целосно ги врати домаќините од ситуацијата во која на крајот на првиот дел изгледаше безизлезно.

Во тие моменти никој повеќе не размислуваше за прегазување на Вотфорд туку повторување на подвигот на Севиља во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Мурињо во тој момент се одлучи да го пушти во игра опоравениот Златан Ибрахимовиќ, а утрово англиските медиуми открија каква задача му дал на Швеѓанецот.

Ибрахимовиќ верувале или не влегол со задача да го чува голманот на Вотфорд, Гомеш! Сепак, голот на Лингард неколку моменти подоцна им ги промени плановите, па Ибра беше ослободен од играњето „фластер“ на Гомеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ден за спектакл на Вимблдон: Ѓоковиќ против Синер во битка за финале!

Денес ќе се одиграат полуфиналните натпревари на Вимблдон во машка конкуренција. Како ПАМЕ…