Aнглискиот напаѓач, Даниел Стариџ во последните денови е во центарот на вниманието поради обложувачкиот скандал која ја тресе цела Премиер лига.
Како што е веќе познато, ФА го обвинува Стариџ дека во јануари се обложил дека ќе направи трансфер во Вест Бромвич во момент кога коефициентот за таа опција изнесувал 67, но денес англиските медиуми стигнаа до нови информации.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Всушност целата приказна за Стариџ и обложувањето е многу повеќе комплицирана и полуда отколку што се мислеше. Планот да се заработи бил многу добро разработен. Во обложувањето учествувале роднини на Стариџ, а напаѓачот на Ливерпул се обвинува дека им открил информација за која морале да молчат.
Стаирџ беше блиску до трансфер во Интер и коефициентот тогаш изнесуваше 2.7. Еден роднина на Стариџ во тој момент уплатил 10.000 фунти на таа опција (добивка 27.000), за набрзо потоа „Кориере дело Спорт“ да пренесе дека трансферот е завршен и дека само се чека официјална потврда.
Обложувалницата која била „жртва“ и во која се обложил Стариџ (Paddy Power) брзо реагирал и го намалила коефициентот за трансфер на Стариџ во Интер, додека истовремено се зголемил коефициентот на сите останати опции, така и за трансферот во ВБА.
Коефициентот тогаш изнесувал 67, па друг роднина на Стариџ побрзал и уплатил сума на тој облог, засега не е познато за колкава сума се работи. Значи, Стариџ и друштвото „фрлиле“ 10.000 фунти за подоцна со однапред смислен план добро да заработат.
Пред самиот крај на јануарскиот преоден рок, Стариџ направи трансфер во ВБА каде што одигра само шест натпревари, а една година подоцна изби вистински скандал и сега му се заканува казна од ФА.