Дома Трансфер зона Откриени детали од договорот на Годин со Интер, дури сега Ванда ќе збесне!

Откриени детали од договорот на Годин со Интер, дури сега Ванда ќе збесне!

Интересно би било да се види како ќе реагираат Ванда и Икарди.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Диего Годин ова лето ќе ги засили редовите на милански Интер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа не е некоја новост, од поодамна се пишуваше за договор помеѓу „Нероаѕурите“ и искусниот дефанзивец на кого договорот со клубот од Мадрид му истекува на крајот на оваа сезона.

Уругваецот така после девет години ќе го напушти Атлетико и кариерата ќе ја продолжи во Серија А, а сега се објавени и деталите од договорот кој ќе го потпише со клубот од „Џузепе Меаца“.

Имено, на Годин прво му бил понуден двегодишен договор, но самиот дефанзивец инсистирал Интер да му понуди договор на три сезона и на крајот тој го добил тоа што го барал.

Меѓутоа она што привлече најголемо внимание на медиумите не е должината на договорот, туку платата која ќе ја заработува. „Газета дело Спорт“ пренесува дека Годин во Интер ќе заработува 6.75 милиони евра по сезона.

Тоа го лансира помеѓу најплатените играчи во Серија А, а ќе стане и најплатен играч на тимот од Милано.

Интересно што во Мадрид имаше 35% помала плата, па очигледно во Интер веруваат дека 33 годишниот дефанзивец има многу да понуди на клубот.

Во италијанските медиуми после ова на големо се поставува и прашањето како на ваквиот договор ќе реагираат Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…