Новиот шеф на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед знаејќи ги денешните услови на трансфер пазарот нема да има преголема сума на располагање.
Солскјер од управата на клубот ќе добие 55 милиони евра медиумите од Островот очекуваат за таа сума на „Олд Трафорд“ да пристигнат две засилување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мирор“ пишува дека „ѓаволите“ во јануари ќе се обидат да доват стопер и десно крило, а наводно први мети се Тоби Алдервилд и Даглас Коста од Јувентус.
Јасно е дека со 55 милиони евра не можат да се купат двата фудбалери, но Јунајтед би можел да договори некаква позајмица со право на откуп.
Најголем проблем на Манчестер Јунајтед оваа сезона е одбраната и Солскјер ќе мора да пронајде решение. „Ѓаволите“ примија 29 голови на 17 натпревари (само четири екипи имаат повеќе), па сигурно дека засилувања во последната линија се неопходни.
https://www.youtube.com/watch?v=QfwnNRi4aV4