Дома Останати Авто Мото Откриена содржината на писмото од 2014 година на сопругата на Шумахер

Откриена содржината на писмото од 2014 година на сопругата на Шумахер

shumaher

Германски музичар во 2014 година напиша песна посветена на Михаел Шумахер и му испрати ЦД како подарок, а тоа пријатно ја изненади неговата сопруга која му се заблагодарила пишувајќи писмо.

Судбината на легендарниот седумкратен шампион во Формула 1 Михаел Шумахер е непозната веќе пет години. Шумахер во декември 2013 година доживеа несреќа при скијање и се здоби со тешки повреди на главата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овие денови во јавноста се појави писмото кое неговата сопруга Корина го испратила како знак на благодарност до музичарот Саша Херченбач кој во 2014 напиша песна посветена на Шумахер.

„Сакам да ти се заблагодарам на пораките за поддршка и подарокот кој многу ќе ни помогне во овие тешки денови. Прекрасно е да се добијат толку многу пораки за поддршка и многу значи за нашето семејство. Михаел е голем борец и тој нема да престане да се бори“, напишала сопругата на Шумахер.

Во продолжение слушнете ја песната посветена на Шумахер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Ферстапен доби јасна порака од Мерцедес, сега е тој на потег!

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волфс зборуваше за потенцијалната замена за Луис Хамилтон к…