Дома Фудбал Репрезентации Откриена слабата точка на Хрватите: Момците на Далиќ примаат премногу голови на ваков начин

Откриена слабата точка на Хрватите: Момците на Далиќ примаат премногу голови на ваков начин

hrvatska

После вчерашниот натпревар во Лигата на Нации против Англија потврдена е и слабата точка на репрезентацијата на Хрватска.

Од кога е на клупата на Хрватска, Златко Далиќ (19 натпревари) оваа селекција прими девет погодоци од – прекини, што во хрватските медиуми се смета за премногу.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако се погледне статистиката, прекините се навистина болна точка за Хрватите. Без разлика дали е: директен гол од слободен удар (Трипиер СП), гол после уфрлување од аут (Данска СП), нафрлување од слободен (против Русија и Франција СП)…

Шест натпревари во низа Хрватска прима голови од прекини (Данска Русија, Англија на СП, Франција во финалето, Португалија на пријателски натпревари и Шпанија на гости). Потоа следуваше „мала пауза“ против Англија (0:0), за на „Вембли“ да примат дури два – еден после уфрлување од аут, а вториот после нафрлување од слободен удар.

Навистина е премногу за се да биде случајност, Златко Далиќ ќе мора да поработи со своите избраници на прекините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…