Дома Фудбал Останато Отворена истрага против Роналдо, повторно ги прекрши мерките 🎥

Отворена истрага против Роналдо, повторно ги прекрши мерките 🎥

Кристиано Роналдо доби краток одмор од Јувентус и повторно ги наруши мерките за заштита од Ковид, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите ѕвездата на Јувентус и неговата вереница Георгина преминале од еден регион во друг, што е забрането во моментов во Италија.

Двајцата го напуштиле регионот Пиемонт и биле два дена во монденскиот зимски центар Гурмајер, кој се наоѓа во областа Вале Даоста.

Проблемот е што двата региони се во портокаловата зона на вирусот и забрането е да се напуштаат границите.

Откако „Газето Дело Спорт“ објави видео на кое се гледа како Роналдо и Георгина уживаат на моторна санка, отворена е истрага која треба да покаже дали парот вил во портокаловата зона и патувал без дозвола.

Ако ова биде потврдено, ѕвездата на Јувентус ќе добие казна, можна изолација од две недели но и суспензија од Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Германците тврдат дека зад кулисите на Светското првенство се подготвува голем скандал

Светското првенство наскоро би можело да се најде во центарот на еден од најголемите сканд…