Алжирецот не попушта и никаде не се појавува.
Да потсетиме, Манчестер Сити во последниот ден од проеден рок испрати понуда од 65 милиони фунти и одреден играч за Алжирецот, но од Лестер ја одбија оваа понуда и практично не му дозволија на Марез да го оствари својот сон.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради тоа од Марез веќе осми ден, нема ни трага, ни глас. Го нема на тренинзите, едноставно исчезна. Клубот реагираше така што започна преговори со неговите застапници со цел да го убедат да се врати, но доколку тоа би го направил и утре јасно е дека нема да биде во составот за саботното гостување кај Манчестер Сити.
Тренерот на Лестер, Клод Пуел не сака да се занимава со Алжирецот.
„Не се занимавам со Ријад. Се занимавам со играчите кои ги имам на располагање. Сакам да ја задржиме позитивната атмосфера во соблекувалната и да се сконцентрираме на теренот“, изјави Пуел.
Навивачите му го свртеа грбот, тренерот исто така, а островските медиуми уште пред завршувањето на преодниот рок пишуваа дека екипата не е најсреќна поради однесувањето на Марез.
Марез многу веројатно повеќе нема да игра за Лестер, веројатно и не сака. Но и во случај да сака прашање е дали тренерот на „лисиците“ ќе му го прости ваквото однесување.