Дома Македонски спорт Мак фудбал Османовски е второто засилување за Работнички

Османовски е второто засилување за Работнички

Работнички го доведе второто ново име во пресрет на новата сезона. Анес Османовски е ново засилување за тимот на Александар Влахо. Тој денеска потпиша договор со Работнички и се приклучува на нашиот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Спортскиот директор Горан Станковски е задоволен што Османовски го прифати предизвикот да му пристапи на Работнички.

„Анес Османовски е квалитетен фудбалер од средниот ред кој ја минал германската фудбалска школа во Минхен 1860, а потоа и во Унтерахинг. Успеавме да постигнеме договор да ни се придружи и лично се надевам дека ќе донесе квалитет плус и ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот. И во наредниот период продолжуваме со активности на трансфер-пазарот во пресрет на новата сезона“, вели Горан Станковски.

Претходно, за Работнички потпиша и дефанзивецот Бојан Илиевски кој дојде од редовите на Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …