Германските медиуми, поточно „Билд“ денес објави продолжение на она што се пишуваше пред неколку дена – Пеп Гвардиола може да се врати во Баерн!
Пред повеќе од една недела Нико Ковач доби отказ од Баерн Минхен и од тој момент Баварците бараат негова замена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се споменуваа голем број тренери, меѓу кои и Арсен Венгер и Жозе Мурињо, како и Масимилијано Алегри и Томас Тухел, но според „Билд“ прва мета на Баерн е Гвардиола.
Она што последно го објави „Билд“ за можното враќање на Гвардиола во Баерн засега е и најсериозно. Наводно Гвардиола веќе го посетил тренинг центарот на Баерн и разговарал со директорите на клубот. Освен тоа шпанскиот стретег се уште го поседува станот во кој живееше во Минхен. Се пишува и дека семејството на Гвардиола сака враќање во Германија. Гвардиола во овој момент не живее заедно со семејството кое престојува во Шпанија, затоа што животот во Англија не им се допаднал.
Ваквите работите прават ова и да не изгледа толку невозможна операција за Баерн, меѓутоа најголем проблем е што Гвардиола има договор со Манчестер Сити до 2021 година.