Дома Фудбал Останато Операцијата „Бензема“ го потресе францускиот фудбал – ова се деталите!

Операцијата „Бензема“ го потресе францускиот фудбал – ова се деталите!

„Кога во прашање е Бензема, не можеме да смениме ништо и да го вратиме минатото. Најважно е денес и утре. Направани се важни чекори. Се сретнавме и разговаравме со Карим. После состанокот долго размислував. Нема да ви кажам за што разговаравме, доволно е да знаете дека тој разговор ни требаше и на двајцата. Нема место за лични проблеми, француската репрезентација не ми припаѓа мене

Со оваа изјава Дешам не откри многу за тоа како дојде до враќање на Бензема, но затоа „Л’Екип“ ја открива целата приказна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според пишувањето на реномираниот медиуми се започнало во март кога бил направен првиот контакт помеѓу Дешам и Бензема. Тогаш не се одржал состанок, но истиот бил договорот.

Во текот на март растела загриженоста околу потенцијалниот договор со Бензема, пишува во текстот на „Л’Eкип“.

„Дешам не бил убеден дека Гризман е во целост спремен за игра, гледал дека Жиру седи на клупа во Челзи, Марсијал се опоравуваше од повредата, а Висан Бен Једер бил последната опција. Во таква ситуација не е ниту чудо што помислил на Бензема“, пишува „Л’Екип“.

Подоцна бил одржан состанок помеѓу Дешам и претседателот на сојузот Ноел Ле Грает, кој се согласил да се врати Бензема.

Следувала кулминацијата на „операцијата Бензема“. Дешам се сретнал „лице во лице“ со Бензема и двајцата се договориле тој да се врати во репрезентацијата. Сега Дешам има супер напад со Мбапе, Гризман и Бензема.

„Секако дека тој напад ми беше во главата додека зборувавме, на хартија тоа е навистина силна опција, но нема да зборувам за детали“, изјави Дешам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…