Дома Фудбал Англија Она што му успеа на Мората не го направил никој во историјата на Челзи!

Она што му успеа на Мората не го направил никој во историјата на Челзи!

Фудбалерот кој ова лето од шпанската престолнина премина во Англија прикажува фантастични настапи во дресот на својот нов клуб.

Алваро Мората во дресот на Реал Мадрид дебитираше во 2010 година кога прилика му даде Жозе Мурињо.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Набрзо покажа дека поседува голем талент, го споредуваа дури и со Фернандо Мориентес, но после четири години го напушти Мадрид и се пресели во Јувентус.

Во Торино започна да блеска, Реал го врати после две години. „Кралевите“ имаа таква можност преку клазулата која ја вградија во договорот на Шпанецот.

Минатата сезона со Реал стигна до освојувањето на Лигата на шампионите и Примера, постигна три погодоци во најлелитното натпреварување, додека во првенството беше стрелец на 15 погодоци.

Сепак кога пристигна понудата од Челзи ова лето, управата на Реал не размислуваше многу, Мората беше продаден на „сините“ за сума од 70 милиони евра.

Мората одлично ја започна својата кариера во јужен Лондон и во првите 11 настапи учествуваше во 12 погодоци на Челзи, постигна осум и запиша четири асистенции, а ваков старт немал ниту еден фудбалер во историјата на клубот од „Станфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѕвезда на Реал Мадрид преминува во Манчестер Сити за 100 милиони

Се чини дека на Пеп Гвардиола ќе му се исполни желбата и дека ќе доведе играч на Реал Мадр…