Дома Останати Олимпиец го искористи настапот во Токио за да побегне од својата држава

Олимпиец го искористи настапот во Токио за да побегне од својата држава

Џулиус Секитолеко е натпреварувач во дигање на тегови кој требаше да настапи за Уганда на претстојните Олимписки игри, но мистериозно исчезна.

На една недела пред почетокот на Олимписките игри едноставно го снема, а сега е пронајдена и порака во неговата хотелска соба. Тој го искористил настапот на Олимписките игри за да побегне од Уганда.

„Сите мои работи предајте ги на мојата сопруга. Сакам да останам во Јапонија, не се враќам во Уганда никогаш“, напиша Секитолеко.

Дека нешто не е во ред забележале неговите сонародници кога не се појавил на редовното тестирање за коронавирус.

Причината поради која што се одлучил на ваков потег е веројатно затоа што доаѓа од сиромашно семејство, па се надева дека во Јапонија ќе има подобар живот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Признание за Ристоски на турското деби, следен тест е лидерот Зират

Жарко Ристоски е избран за најдобар тренер во воведното коло на турското првенство. Негови…