Дома Фудбал Од толку напаѓачи Касемиро го одведе Бразил во осминафинале

Од толку напаѓачи Касемиро го одведе Бразил во осминафинале

Репрезентацијата на Бразил славеше победа против Швајцарија со 1:0 и така го обезбеди пласманот во осминафиналето.

Не гледавме вечерва атрактивен фудбал како во првите две пресметки денес каде што видовме по шест и пет гола, но Бразилците одиграа онолку колку што е потребно за да слават со Швајцарците.

Првото полувреме заврши без сериозни шанси и без голови. Најинтересен беше моментот кога снема струја во финишот од првото полувреме.

Во второто полувреме не се промени многу сликата на теренот, Бразил беше подобар, меѓутоа не успеваше да создаде некои сериозни шанси за гол.

Победата ја обезбеди Касемиро во 83. минута, претходно на Винисиус му беше поништен гол поради офсајд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед бара решение за левата страна: Скаутите го следат Нагида од Рен

Младиот камерунски бек е меѓу опциите за засилување на одбраната на Јунајтед, но неговиот …