Дома Трансфер зона Од Париз во Ливерпул, и тоа уште во јануари?

Од Париз во Ливерпул, и тоа уште во јануари?

Преодниот рок започнува за неколку дена, па шпекулациите околу можни трансфери стануваат се погласни.

Голманот на ПСЖ, Кевин Трап сака да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок бидејќи е незадоволен од малата минутажа, рече денеска неговиот менаџер.

Трап, кој во јули 2015. година за околу 10 милиони евра дојде од Ајнтрахт Франкфурт оваа сезона не успеа да се избори за место во првиот тим.
„Ако се направи прилика, Кевин ќе го напушти Париз.“ изјави менаџерот Јорг.
Британските медиуми пренесуваат дека за 27. годишниот германски голман заинтересиран е Кристал Палас, но и Ливерпул, каде се загрижени за формата на Симон Мињоле.
Трап минатиот месец кажа дека сака редовно да игра со што ќе ги сголеми шансите да патува со репрезентацијата на Германија на Светското првенство во Русија следното лето.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Француските медиуми пренесуваа дека ПСЖ за Трап бара околу 15. милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Вардар триумфира против Работнички во скопското дерби

Во рамки на 32. коло од Првата македонска фудбалска лига, Вардар славеше минимално со 1-0 …