Дома Фудбал Англија Од Островот најавуваат: Де Геа наскоро потпишува!

Од Островот најавуваат: Де Геа наскоро потпишува!

de gea

Навивачите на Манчестер Јунајтед сигурно ќе бидат воодушевени од новиот потег на управата на клубот.

Првиот голман на Јунајтед и веројатно најважниот играч, Давид Де Геа наскоро ќе потпише нов договор со „црвените ѓаволи“, пренесуваат од Островот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на шпанската репрезентација се поврзуваше со Реал Мадрид во секој преоден рок од 2015 година.

Со доведувањето на Тибо Куртоа значи дека таквите шпекулации конечно ќе завршат. Актуелниот договор на Де Геа истекува во 2019 година и тој има опција за продолжување на уште една.

Сепак, во Јунајтед не сакаат ништо да препуштат на случајноста и спремаат нов подобрен договор за шпанскиот голман.
Шпанецот помеѓу стативите на Јунајтед е уште од 2011 година кога Атлетико Мадрид се согласи да го продаде за 22.5 милиони фунти.

Засега нема информации за финасиските детали од договорот, но јасно дека Де Геа сигурно ќе добие значително покачување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…