Дома Фудбал Од викендов полни стадиони во Примера

Од викендов полни стадиони во Примера

Натпреварите во Ла Лига веќе можат да се играат пред полни стадиони, откако Минстерството за здравство во Шпанија даде зелено светло.

Сезоната започна со ограничен капацитет на стадионите од 40% поради пандемијата, а во септември капацитетот се зголеми на 60%.

Од петок, 1 октомври стадионите во Примера можат да бидат со полн капацитет, но треба да добијат одобрение од локалните власти во зависност од регионот.

Остануваат на сила ограничувањата со задолжително носење маска и во стадионите се влегува со сертификат за вакцинација или негативен тест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одложени 24 натпревари од Купот на кралот по трагедијата кај Толедо

Шпанската фудбалска федерација ги одложи сите 24 средби закажани за среда навечер. Одлукат…