Дома Фудбал Од Атлетико јасни: Попрво би го продале Гризман, отколку да го изгубиме Симеоне!

Од Атлетико јасни: Попрво би го продале Гризман, отколку да го изгубиме Симеоне!

Aтлетико Мадрид и Антоан Гризман се повеќе се во центарот на вниманието, а сега на таа тема зборуваше и еден од директорите на клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Навистина е голема реткост да пронајдете клуб кој толку го почитува својот тренер како што тоа е случај со Диего Симеоне во Атлетико Мадрид.

Аргентинецот за неколку години поминати во редовите на „јорганџиите“ стана заштитен знак на овој клуб, а колку тој значи за клубот од Мадрид потврдува и изјавата на директорот на овој клуб Гил Марин.

„Воопшто не се сомневаме дека губење на Диего Симеоне за нас би претставувало многу поголем удар отколку заминувањето на Антоан Гризман. Симеоне со своите вредности, работата и стилот стана заштитен знак на нашиот клуб“, изјави Марин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…