Фудбалскиот супер менаџер, Мино Раиола има некои силни врски со Јувентус, а своевремено беше и претставник на денешниот потпретседател на „старата дама“, Павел Недвед.
Италијанските медиуми тврдат дека вчера бил одржан состанок помеѓу Раиола и Јувентус на кој се разговарало за тројца фудбалери: Моис Кин, Пол Погба и Матијас Де Лихт.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што пренесува „Скај Италија, главна тема на состанокот било продолжувањето на договорот на Моис Кин, а се наведува дека било одлучено Јувентус да потпише долгорочен договор со талентираниот напаѓач.
Исто така се разговарало за потенцијалниот трансфер на „Златното момче“ на Ајакс, Матијас Де Лихт. Сепак и понатаму се смета дека Барселона е во пол позиција за младиот Холанѓанец.
Една од темите бил и Пол Погба за кој од поодамна се шпекулира дека сака да се врати во Јувентус. Меѓутоа тешко е да се верува дека Манчестер Јунајтед ќе го продаде во јануари.