Поради смртта на Кралицата Елизабета за денес се одложени сите спортски настани во Великја Британија.
96-годишната кралица почина во четвртокот вечерта, а први се огласија организаторите на трките со коњи кои веднаш беа откажани. Потоа беше откажан и вториот ден на турнирот во голф шампионатот ПГА кој требаше да се одржи во недела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од англиската фудбалска лига одложени се натпреварот од Чемпионшип помеѓу Барнли и Норвич и натпреварот од Лига 2 меѓу Транмере и Стокпорт Каунти.
Одложувања има и во Шкотска па одложен е дуелот меѓу Ков Ренџерс и Данди. Нема да се одржи и шестиот ден од велосипедската трка околу Британија.
Засега нема донесено одлука за натпреварите од Премиер лигата кои се играат викендов.