Дома Фудбал Англија Одлични вести за навивачите: Арсенал ја заврши најважната работа ова лето!

Одлични вести за навивачите: Арсенал ја заврши најважната работа ова лето!

Aрсенал ова лето ќе направи промени во играчкиот кадар, но главна задача на клубот е да се задржи Пјер Емерик Обамејанг.

31 годишниот Габонец и оваа сезона е најдобар играч на Арсенал и на 44 натпревари успеа да постигне дури 29 голови. Неговиот договор со „топџиите“ истекува наредното лето и поради тоа често се шпекулира дека ова лето ќе го напушти клубот.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Во претходните недели многу се пишуваше дека Обамејанг сака да замине од Арсенал, а едно време се поврзуваше и со Барселона. Но, во лондонскиот клуб не сакаа туку-така да останат без најдобриот играч и правеа се што можат да го задржат и изгледа успеаа.

Сепак сега навивачите на Арсенал изгледа можат да воздивнат затоа што Обамејанг ќе остане на „Емирати“. „Скај Спорт“ објави дека Габонецот е блиску до потпис на нов тригодишен договор и дека се ќе биде официјализирано во наредните денови.

Обамејанг според новиот договор неделно ќе заработува 250.000 фунти и тоа е условот кој го бараше од почетокот на преговорите, а во клубот одлучиле да му го исполнат после освојувањето на ФА Купот.

Останувањето на Обамејанг сигурно е најголемо засилување за Арсенал и клубот сега ќе може да се фокусира на доведување други играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…