Дома Фудбал Одлични вести за Барса: Скапоценото засилување се врати на тренинзите

Одлични вести за Барса: Скапоценото засилување се врати на тренинзите

Ернесто Валверде ќе биде на слатки маки

Напаѓачот на Барселона Осман Дембеле се опорави од повредата и од денес повторно тренира со остатокот од екипата.

Дембеле се повреди на своето деби за Барса по што паузираше четири месеци, а неодамна повторно ја повреди задната ложа, но за среќа за Барса не се работеше за ништо сериозно.

После помалку од три недели, Французинот е повторно со екипата, но каталонските медиуми пренесуваат дека Ернесто Валверде нема ништо да ризикува, односно дека планот е Дембеле да биде 100% спремен за натпреварот против Челси на 20 февруари.

Барса утре со почеток од 16:15 игра натпревар против Еспањол, а покрај Дембеле на списокот ги нема Вермален и Андре Гомеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го следи Ајари од Брајтон како замена за Модриќ

Милан има интерес за играчот од средниот ред на Брајтон, Јасин Ајари, како потенцијална за…