Дома Видео Одличниот фудбалер во најдобрите години отиде во Саудиска Арабија: Низ солзи ги објасни причините

Одличниот фудбалер во најдобрите години отиде во Саудиска Арабија: Низ солзи ги објасни причините

Саудиска Арабија продолжува да привлекува бројни европски ѕвезди со своите милиони.

Синоќа се случи еден од најизненадувачките трансфери. Одличниот фудбалер во своите најдобри години замина во Арабија, а во солзи ги објасни причините за својата одлука.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот играч за врска Рубен Невес (26) одлучи да замине во пребогатата саудиска про лига, а Вулверхемптон за овој трансфер инкасира 55 милиони евра.

Тоа е најбогатиот договор во историјата на Волвс, кои во исто време ги загубија капитенот и лидерот во средниот ред. Португалецот го очекува многу поволен договор и нов живот.

Сепак, тешко е да се остават настрана неговите години во Англија и неговото искуство со Волвс што му овозможи да се подобри во сите области.

Од една страна, ентузијазам за нова и профитабилна професионална можност, од друга страна, тага за збогувањето со она што стана негов дом.

Рубен Невес се прости преку видео на официјалните канали на клубот, но во еден момент пред трансферот во Ал Хилал пред камерите почна да плаче.

„Какво неверојатно патување имав, со толку многу неверојатни луѓе на патот, од домашната помошничка до персоналот во кујната, персоналот на теренот до членовите на комисијата, тренерите и асистентите и медиумите, голема благодарност до секој човек со кој имав можност да работам“.

После тоа почна да плаче. По неколку секунди пауза, снимањето продолжи:

„Нема зборови со кои можам да ја опишам нашата соблекувална со тимскиот дух, каков што не сум доживеал. Потоа станав капитен минатата година и тоа ме направи толку горд. Тоа што го направивме ќе остане засекогаш во историјата на клубот.„

Не можам доволно да ви се заблагодарам за пречекот, не можам доволно да ви се заблагодарам за начинот на кој се однесувавте со мене, а особено за начинот на кој го прифативте моето семејство како свое“.

Невес ќе заработува околу 350.000 евра неделно во Ал Хилал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…