Турција ги велича Србите – Жељко Обрадовиќ, Никола Калиниќ и Богдан Богдановиќ, кои ја освоија Евролигата со Фенербахче. На овој успех имун не остана ниту најмоќниот човек во Турција, Реџеп Тајип Ердоган.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Претседателот на Турција го побара на телефон Обрадовиќ и му честиташе за големиот успех, додека од страна чекаше легендарниот Хидајет Туркоглу, а Обрадовиќ на Ердоган му пораќа дека би сакал да го виде како гостин во кошаркарската сала од клубот.
Подоцна Обрадовиќ отвори и шампањ, додека сите му скандираа, а песната на навивачите емотивно ја доживеа и Никола Калиниќ, кој експлодираше во фајнл-форот и сето тоа го круниса со знамето од Србија.