Дома Фудбал Одговор кој ги изненади сите: Дали го поддржуваме Анчелоти? Следното прашање!

Одговор кој ги изненади сите: Дали го поддржуваме Анчелоти? Следното прашање!

Ѕвездата на Баерн Минхен, Арјен Робен не сакаше да застане во одбрана на својот тренер Карло Анчелоти после убедливиот пораз од ПСЖ.

Робен влезе во игра во второто полувреме, а неизбежно прашање на новинарите после ваков резултат е дали тимот го поддржува Карло Анчелоти.

„Нема да одговорам на тоа прашање. Следното прашање“, јасен беше Холанѓанецот и додаде:
„Кој ќе игра, а кој не е работа на тренерот. Се што ќе кажам во овој момент ќе биде погрешно разбрано. Најважна работа сега е да се држиме како тим, ни треба мир. Никој кој што не критикува од надвор не може да ни помогне“, заклучи Робен.

Еминентниот весник „Билд“ пренесува дека попладнево раководството на Баерн ќе има средба со тренерот Карло Анчелоти и се очекува да му биде врачен отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мартинез доби наследник што ја воодушеви Вила: Сузуки блеска меѓу стативите

Зион Сузуки брзо ја освои довербата во Астон Вила. Јапонецот не импресионира само со одбра…