Кадетската репрезентација на Еквадор се натпреварува на Светското првенство кое се игра во Бразил.
Пред самиот пат за Бразил се случи еден неочекуван проблем кога еден од играчите не можел да влезе во авионот. Имено, Силвано Денилсон Естасио Мина бил на листата патници, но не можел да влезе во авионот затоа што бил малолетен и немал дозвола од родител да ја напушти земјата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Неговиот татко бил далеку од градот Кито кога добил порака од синот дека мора итно да дојде на аеродром и да му даде одобрување да патува за Бразил и да игра на Мундијалот.
Силвано Сениор некако успеал да дојде до аеродромот и открил дека тоа го направил така што пешачел 12 часа за да дојде и даде пишана дозвола дека неговиот син може да го напушти Еквадор.
Тој сакал да се качи во авион и да оди до Кито кој бил одалечен 156 километри, но аеродромот поради некоја причина бил затворен. Позајмил мотор од пријател, но тој се расипал после 45 километри, па одлучил дека нема друг избор освен да пешачи.
Historias que valen la pena ser contadas | Silvano Estacio caminó desde Ambato hasta Quito (Casa de la Selección) para firmar el permiso de salida del país de su hijo, Silvano Estacio Jr, quien disputará el mundial Sub 17 de Brasil con la Selección Ecuatoriana. pic.twitter.com/xVB5ZWEh47
— Charly Castillo (@charlyacastillo) October 8, 2019