Сте се запрашале ли некогаш како би изгледал фудбалот без најдобрите двајца во овој момент Кристиано Роналдо и Лионел Меси?
Интересна статистика, бидејќи во последната деценија Роналдо и Меси се апсолутни владители, фасцинантно е да се види како би изгледал фудбалот без нив двајца.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меси и Роналдо се рекордери со по пет „Златни топки“, доколку не би биле овие двајца, Платини, Кројф и Ван Бастен се уште би биле рекордери со по три. Но, внимавајте сега по две титули најдобри во светот би имале Чави, Иниеста и Нејмар, по еден би освоиле Торес, Рибери, Гризман и Ноер, значи би го добиле и првиот голман кој ја освоил „Златната топка“.
Најмногу голови во групната фаза од Лигата на шампионите би постигнал Бензема кој постигна 40 погодоци, а на листата најефикасен би бил се уште неприкосновениот Раул Гонзалес со 77 погодоци.
Најпопуларен во светот очекувано би бил Нејмар, најдобри стрелеци по сезони во Лигата на шампионите би биле, Џерард во 2009, па Марио Гомез две сезони, Ибрахимовиќ два пати, Левандовски, Нејмар и Кавани.
Најмногу хет-трикови во Лигата на шампионите место Роналдо би имале Инзаги, Гомез и Луиз Адријано, а најмногу пати во идеалниот тим би се појавиле, Касиљас, Пујол, Рамос и Иниеста.
Рекордот на Пушкаш сеуште е актуелн кога во прашање се репрезентациите, тој постигна 84 погодоци, Роналдо има 79, но наскоро и тој рекорд веројатно ќе биде срушен.