Дома Фудбал Останато Ова никој не го очекуваше: Буфон ќе биде резерва во ПСЖ!

Ова никој не го очекуваше: Буфон ќе биде резерва во ПСЖ!

Oва никој не го очекуваше, но очигледно изборот е веќе направен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сега веројатно на никој не му е јасно зошто Буфон замина во Пари Сен Жермен. Тешко е да се поверува дека парите се во прашање, можеби желбата да ја освои Лигата на шампионите, но не е дека во Јувентус не би имал шанса за такво нешто.

Во италијанските медиуми цело лето се провлекува приказната дека одлучил да замине откако му било соопштено дека Војчех Шчесни во новата сезона ќе биде прв голман.

Но, сега Буфон се најде во слична ситуација и во Париз.

Томас Тухел во изјава за медиумите потврди дека прв голман на ПСЖ оваа сезона ќе биде Ареола.

Одлучив, Ареола ќе биде прв голман зад себе ќе го има Буфон кој ќе му помогне да биде подобар. Џиџи е легеда, идол на Алфонсо и го поддржува. Го видовте како брани, а кога ќе биде на клупата ќе му помогне на Ареола со гестикулациите и советите“, изјави Тухел.

Она што е јасно, до поделба на минутажата или делба на натпреварувањата, односно ротација каква што многумина очекуваа нема да има, Ареола ќе биде прв голман, а Буфон резерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рафиња шокираше со своето признание: Како тинејџер просев на улица за јадење!

Не е тајна дека многу фудбалери од Бразил растат во исклучително тешки услови и сиромаштиј…