Остануваат уште само четири дена до почетокот на Европското првенство, а сега ќе ви ја претставиме официјалната топка која ќе се користи за најважниот фдбалски настан оваа година.
На собирот на најдобрите европски репрезентации ќе се користи топката со име „Fussball Liebe“, односно „football love“, која е специјално дизајнирана од германскиот гигант Адидас за Европското првенство.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Fussball Liebe“ ќе ги наследи познатите „Telstar“, „Tango“, „Etrusco“ и „Europass“, топки кои се прославија во изминатите изданија на европските првенства, сите дизајнирани од „Адидас“.
Ова Европско првенство ќе ја имаме „најпаметната“ топка досега, која ја вклучува технологијата „Поврзана топка“ на Адидас која во реално време ги испраќа најпрецизните податоци до судиите на ВАР, исто како што има вградена полуавтоматска функција за офсајд. Целта е да се намали времето на чекање и да се поттикне побрзо донесување одлуки од страна на судиите, благодарение на стотиците чипови во него.
„Уверени сме дека „Adidas Fussball Liebe“ ќе го одбележи нашиот следен чекор кон извонредност. Посветени сме да обезбедиме секој аспект да ги одржува највисоките стандарди за квалитет и перформанси“, изјави техничкиот шеф на УЕФА и легенда на хрватскиот фудбал Звонимир Бобан на промоцијата.