Селтик во 11-то коло во шкотската Премиер лига како гостин победи кај Абердин и дојде на чекор до израмнување на британскиот рекорд според бројот на одиграни натпревари без пораз.
Британскиот рекорд од 62 натпревара без пораз во домашните натпреварувања исто така е во сопственост на Селтик, а е поставен во периодот од 1915 до 1917 година на минатиот век под водство на Вили Мели.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Селтик против Абердин го одигра 61-от натпревар на кој не е поразен и од израмнување на рекордната низа го дели уште дуелот на домашен терен со Килманрок во сабота.
„Се изнаслушав гласини на тема колку Селтик лесно победува и бележи успеси во домашните натпреварувања. За овој резултат се заслужни само фудбалерите што имаат храброст на секој натпревар и на секоја топка да влезат како победници“, изјави менаџерот на тимот, Брендан Роџерс.