Дома Фудбал Објаснување за спорниот твит: Целта на Пике само да се направи притисок

Објаснување за спорниот твит: Целта на Пике само да се направи притисок

Дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике откри еден интересен факт во врска со трансферот на Нејмар во ПСЖ.

Во моментите кога се уште беше дилема, Пике на својот твитер профил објави фотографија со Нејмар и напиша дека останува на „Камп Ноу“, меѓутоа, призна дека токму во тој момент знаел дека бразилскиот фудбалер ќе замине.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Нејмар дојде на венчавката на Лео со идеја во главата дека сака да замине, а кога почнаа подготовките ништо не се промени додека ние се обидувавме да го убедиме да остане“, откри Пике.

Спорниот твит беше напишан со цел да се создаде притисокна Нејмар да се предомисли.

„Кога го напишав тој твит 100% бев сигурен дека ќе замине. Се обидов да направам притисок врз него, а поради тоа беше малку лут на мене, но брзо се смиривме. Верувам дека има свои причини поради кои замина, но не мислам дека е поради парите. Не би требало да го осудиме бидејќи донесе храбра одлука. Не жалам што напишав дека останува. Сакав на клубот да му помогнам да го задржи играчот иако знаев дека Нејмар веќе ја донесе одлуката“, беа зборовите на стоперот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…