Дома Фудбал Англија Објавена фотографија од прстот на Хаверц: Еве зошто Тухел го замени

Објавена фотографија од прстот на Хаверц: Еве зошто Тухел го замени

Челзи го совлада Тотенхем со 2-0 во првиот меч од полуфиналето во Карабао Купот. „Сините“ играа одлично во текот на целиот натпревар, па ја искористија слабата одбрана на противникот за да триумфираат.

Домаќините по пет минути игра успеаа да поведат, кога Каи Хаверц ја затресе мрежата на Тотенхем, но притоа го скрши прстот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Германскиот фудбалер шутираше, по што налета на неколку играчи на Тотенхем и му настрада прстот, а фотографите направија една не толку пријатна фотографија.

Тренерот Томас Тухел уште на полувреме го повлече Хаверц за да не се влоши ситуацијата со прстот, а ова потсети на Карим Бензема, кој си го скрши прстот против Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ретклиф има план кој ќе ги налути навивачите на Јунајтед, но ќе го израдува Аморим

Сопственикот на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ретклиф, и покрај слабите резултати на клубот,…