Дома Фудбал Англија Објавена снимката од разговорот, аматерска грешка на судиите го оштети Ливерпул🎥

Објавена снимката од разговорот, аматерска грешка на судиите го оштети Ливерпул🎥

Премиерлигата го објави видеото од комуникацијата помеѓу судиите во ВАР собата и судиите на терен на мечот меѓу Тотенхем и Ливерпул.

Неверојатно е како беше поништен чист гол на Луис Дијаз, а после објавениот разговор се гледа комплетен аматеризан во носењето на одлуката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во аудио снимката се слуша како „шефот“ во ВАР-собата, Ингланд комуницира со видео-операторот и му кажува каде и какви линии треба да се повлечат за да се види дали е офсајд. На крајот од комуникацијата, кога јасно се гледа дека нема офсајд, тој му вели на видео-операторот: Пефектно!

Во овој момент веројатно ВАР судијата му се обраќаше на операторот за повторени снимки, но помошникот судија сфати дека нему му вели дека проверката е комплетна и правилно досудил офсајд.

Во тој момент помошникот му рече на главниот судија играта да продолжи, што и се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Дер Варт жестоко нападна ѕвездата на Реал Мадрид: Страшно ме нервира кога го гледам

Поранешниот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт повторно го привлече вниманието на јавн…